На кои автомобили им се враќаат клиентите: Најдобра е Tesla, по неа Dacia

122

Дури 86,6 отсто од сопствениците на Tesla кои минатата година го замениле својот стар автомобил за нов во Германија, останале лојални на марката. Ова произлезе од истражувањето на пазарот спроведено од германската компанија за анализа на пазарот Dataforce, а нарачано од германската Automobilwoche. Се разгледуваа само приватни купувачи.

На второ место следи Dacia со процент на лојалност од 73,6 отсто.

– Ова не е изненадувачки и е тесно поврзано со позиционирањето на Dacia како многу евтин бренд. Повеќето клиенти на Dacia дојдоа од стариот пазар на половни автомобили, а сега уживаат во удобноста на нов автомобил по цена на добар користен автомобил. Откако ќе се навикнеш, не се враќаш толку брзо на користениот модел – вели Лаура Одиниус од Dataforce.

Третото место и припаѓа на Тојота. Јапонците бележат процент на лојалност од 59,2 проценти за 2022.  Најдобрата германска марка е Мерцедес на петтото место, со стапка на лојалност од 53,9 отсто. Следат Mini 49,9 отсто и VW 49,4 отсто на десетто и единаесетто место, пренесува Ревијахак.

Фото:Facebook