На кој сè начин Facebook ги следи своите корисници

5

Фото: Pixabay

Фејсбук ги откри сите начини на кои ги евидентира информациите за корисниците, пишува Business Insider. Заклучокот е содржан во документ од 229 страни и се базира на одговорите на извршниот директор Марк Цукерберг при појавувањето пред америкаскиот Конгрес во април годинава.

Некои начини како на пример, колку време трошат луѓето на социјалната мрежа или дали купуваат работи преку веб-страницата, се општо познати, но некои начини преставуваат вистинско изненадување. Во продолжение прочитајте ги “изненадувањата“

Facebook ги евидентира движењата на глувчето, на тој начин компанијата може да препознае дали корисникот е робот.

Facebook собира многу податоци за уредите на корисниците, вклучувајќи ги и нивото на батеријата, јачината на сигналот, како и достапниот мемориски простор.

Мрежата го знае и оперативниот систем  што корисникот го употребува, како и видот на прелистувачот, имињата на датотеките и плагините на уредот

Facebooк го препознава и мобилниот оператор, провајдерот за интернет услуги што се користи, дури и IP адресата, како и податоци временската зона и брзината на интернет конекцијата.

Од Facebook исто така признале дека компанијата “во некои случаи” ги следи уредите околу своите корисници или оние што се на истата мрежа, па оттука понекогаш “може дури и да им помогне на корисниците да пуштат видео од нивниот телефон на нивниот телевизор”.

Facebook ги следи и сигналите на уредите на корисниците, вклучувајќи Bluetooth , како и информации за блиските пристапни точки за Wi-Fi.

Понатаму, Facebook ги претресува и GPS локацијата на корисникот, информациите од камерата, како и фотографиите, доколку не се заклучени. Листата на повици и SMS пораки исто така се снимаат доколку корисниците одлучат да го синхронизираат својот Android уред.

Мрежата собира податоци за сите “онлајн и офлајн акции“ на корисниците кои вклучуваат купувања од други провајдери сè со цел да добие повеќе податоци за игрите, апликациите или сметките коишто луѓето ги користат.