На мобилни апликации потрошени над 30% повеќе пари во 2020 година

31

Минатата година ја обележија пандемијата и глобалната економска криза, но информатичкиот сектор остана скоро недопрен, а во некои случаи оствари дури и подобри резултати.

Аналитичари на Sensor Tower, кои го следат пазарот на мобилни апликации, во текот на 2020 година забележаа голем пораст на преземање и плаќање за мобилни апликации, како за игри, така и за сите останати видови на мобилни решенија достапни на App Store и Google Play, пренесува Bug.hr.

Потрошувачката на корисниците кои одлучија да платат одредена апликација во изминатата година била рекордна и на глобално ниво изнесувала 111 милијарди долари, што е 30,2% повеќе од една година претходно. Од тој износ, корисниците на App Store оствариле 72,3 милијарди долари што е скок од 30,3%, а на Google Play е 55,5 милијарди долари или пораст од 30%.

На онлајн продавницата на Apple најмногу се трошело на TikTok, YouTube, Tinder….

Корисниците на Google најмногу користеле социјални мрежи и игри.

Фото: Freepik