Најголемата соларна електрана во Хрватска, со моќност од два мегавати, вредна три милиони евра ќе почне да се гради на островот Вис, пишува Пословни дневник.
За изградбата на оваа електрана ќе биде задолжена компанијата Кончар – обновливи извори на енергија.
Проектот, како што се истакнува, се темели на опрема и знаење од Хрватска, а произведената енергија нема да се троши на местото каде што ќе се произведува, туку ќе се испорачува во електроенергетската мрежа.
“Ниту една изградена електрана во Хрватска нема поголема сила од онаа во Вис. Оваа електрана ќе биде изградена за само една година. Во изградбата на инвестицијата вредна три милиони евра, планирано е да се ангажираат локални компании и поединци, а подоцна се очекува само одржување на кое, исто така, ќе работи локалното население“, вели Бранко Зајец, претседател на Управата на Кончар – Обновливи извори на енергија.