На почеток сме на годината на овошјето и зеленчукот

42

Според Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации, IYFV, оваа година е единствена прилика за подигнување на свеста за важната улога на овошјето и зеленчукот во исхраната, важноста на здравствената безбедност на храната, како и целите за одржлив развој.

Поради тоа, 2021 е прогласена за година на овошјето и зеленчукот. Според експертите, консумирањето овошје и зеленчук е клучно за здравјето на луѓето не само во време на пандемијата, туку и воопшто, а во исто време се потсетува и на важноста од правилно управување со отпадот.

Со оглед на реалните климатски промени што му се случуваат на светот, вклучувајќи ги екстремните суши  и поплави, адаптацијата и еластичноста на производството сега има суштинска важност.

На есен Обединетите нации организираат самит за храна, чија цел е да понуди платформа за амбициозни акции, иновативни решенија и планови за трансформација на прехранбениот систем.

Фото: Freepik