На полначите на Tesla ќе се полнат и автомобили од други производители

28

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla до крајот на годината ќе отвори мрежа на полначи за своите, но и за автомобили на други производители, објави нејзиниот прв човек, Илон Маск.

Мрежата на полначи на Tesla опфаќа 25.000 супербрзи полначи во целиот свет и обезбедува предност во однос на конкурентите.

Другите производители бараат партнери за воспоставување мрежа или инвестираат во иновативни компании за да ја обезбедат потребната инфраструктура.

“Ќе отвориме мрежа на суперполначи и за други електрични возила до крајот на годината“, напиша шефот на Tesla на Twitter, додавајќи дека со текот на времето нивната мрежа ќе биде отворена за возила на сите производители во земјата.

Германскиот министер за транспорт во јуни изјави дека се обидува да ја убеди американската компанија да ја отвори мрежата и за други автомобили за да им се олесни полнењето на возачите

Подобрата инфраструктура за полнење ќе поттикне повеќе Американци да купуваат електрични возила.

Фото: Pixabay