
Русија треба да вклучи околу 12 милиони луѓе на пазарот на трудот до 2032 година, со цел да пополни нови работни места и да ги замени вработените кои се пензионираат, изјави вицепремиерката на руската влада, Татјана Голикова.
Повикувајќи се на најновите податоци од руската статистичка служба Росстат, таа истакна дека стапката на невработеност во Русија е рекордно ниска од 2,2 проценти, додека бројот на вработени достигна 74,6 милиони, објави ТАСС.
Голикова изјави дека работодавците имаат голема потреба од работници.











