На секои три секунди се продава шишенце од парфемот на Џони Деп

69

Филмската кариера на познатиот актер Џони Деп можеби настрада поради тужбите и обвинувањата на неговата поранешна сопруга Амбер Хeрд, но во светот на парфемите приказната е сосема поинаква.

Шишенцето на парфемот Savage на Dior се продава на секои три секунди, а заштитно лице на овој мирис е Деп.

Модниот критичар Џон Помплијано во напис на Twitter коментираше дека парфемот е прогласен за „бестселер“.

„И покрај фактот што повеќето огласувачи го исклучија Џони Деп, Dior реши да го задржи. Зошто? На секои три секунди се продава по едно шише мирис на Savage. Со 160 долари за шише (скоро 150 евра), тоа би значело заработка од над 4,5 милиони долари дневно“, рече Помплијано.

Деп е рекламно лице за Savage од неговото лансирање во 2015 година.

Во изумот на Франсоа Демаши доминираат ароми на портокал, бергамот и дрвени ноти.