На што Американците за еден ден трошат рекордни 24,7 милијарди долари?

86

Дали сте имале прилика да прошетате низ градот без да ги забележите излозите коишто се обоени во црвена и розова боја, украсени со балони и срциња?

Тоа е вообичаено бидејќи се наближува Свети Валентин или Денот на вљубените. Почетоците на овој празник не е целосно познат, па некои историчари веруваат дека влече корени од времето на Римјаните за време на фестивалот Lupercalia, кога се славело доаѓањето на пролетта на средината на февруари. Овој датум се поврзува со љубов и романтика околу 14-от век, а првата честитка за Денот на вљубените е испратена каде ако не во САД на средината на 19-от век.

На почетокот на минатиот век, компаниите Hallmark и American Greetings почнале да произведуваат честитки за Денот на вљубените, по што неговата популарност постојано расте.

Податоците на Националната федерација на трговија на мало во САД покажуваат дека оваа година се очекува на подароци да се потрошат 27,4 милијарди долари, што е 32% повеќе во однос на минатата година.

Еден од најпопуларните подароци за Денот на вљубените во САД во 2018-та година била вечера во ресторан. На романтична вечера се очекува вљубените двојки да потрошат околу 5,5 милијарди долари.

Освен на своите сакани, Американците на овој ден купуваат и подароци за своите домашни миленици, па се верува дека еден просечен потрошувач ќе одвои околу 12 долари за подарок за својот крзнен миленик. Овој износ е околу седум долари повеќе во споредба со минатата година.

Според Statista, мажите во САД најмногу подаруваат чоколади (54%), додека жените за вечера во ресторан (53%). Меѓу најпопуларните подароци за овој ден се и: слатки, честитки, алкохолни пијалаци, персонализирани подароци, цвеќиња, спа третмани…

Иако овој празник не потекнува од нашето поднебје, сепак е одличен трик со којшто трговците забележуваат поголема продажба.

Фото: Pixabay