На што Европејците најмногу користат интернет?

31

Во текот на минатата година, 87% од лицата на возраст меѓу 16 и 74 години, жители на некоја од земјите членки на Европската унија, користеле интернет во претходните три месеци. Во Шведска тој процент е 98 и е највисок во рамки на Унијата, додека најнизок е во Бугарија – 68%, покажуваат податоците на Eurostat.

Бројот на интернет корисниците постојано се зголемува, па така во 2007 бил 57%, а во 2013-та 75%.

Интернетот најчесто го користеле за испраќање и примање електронска пошта (75% од испитаниците), за пронаоѓање информации за добра и услуги (68%), за кратки СМС пораки (67%) и за читање онлајн вести (63%). Интернетот, исто така, се користи и за банкарски услуги (58%), за социјални мрежи (57%), барање информации за здравјето (55%), за слушање музика (53%) и за телефонски и видео повици (52%).

Фото: Pexels