На што трошиме најмногу пари?

105

Секој до нас има различни примања и потреби, но најголем дел од приходите што ги добиваме одат за лична потрошувачка. Тоа го потврдува и македонската статистика, којашто покажува дека лани едно просечно семејство за лична потрошувачка дало 317.780 денари или 88,1% од средствата со коишто располага.

Второто место по обем го заземаат трошоците за храна и пијалаци, па така лани за таа намена сме потрошиле 139.396 денари или 38,7%. На трето место во однос на трошоци се оние за плаќање сметки за станарина, вода, струја, гас… За таа цел од семејниот буџет во просек се потрошени 37.921 денар.

За облека и обувки, лани едно просечно македонско семејство потрошило околу 21.968 денари. Оние семејства кои имаат било каков кредит, за негова отплата лани морале да одвојат 12.275 денари, додека пак семејствата кои успевале да тргнат пари на страна, заштедиле околу 20.211 денари.

За здравје лани се потрошени 15.021 денар, за хотели и ресторани 15.600 денари, а за рекреакција и култура 6.251 денар.

Фото: Pixabay