На снимањето на Star Wars во Дубровник ќе бидат потрошени скоро пет милиони евра

49

star-wars

Директорот на Хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрвоје Хрибар, потврди за ХРТ Студио 4 дека следната епизода на Војна на ѕвездите (Star Wars) ќе се снима во Хрватска, пишува Пословни Пулс.

Подготовките траат веќе неколку месеци, но поради условите на продукцијата, до сега немаше никакви официјални изјави.

Осмата епизода во Дубровник ќе се снима кратко, десетина дена, но, како што вели Хрибар, станува збор за досега најголема инвестиција по ден од снимање – ќе бидат инвестирани повеќе од пет милиони евра.

Дубровник веќе беше избран како локација за снимање на голема продукција. Game of Thrones се снимаше на три локации во Хрватска: Дубровник, Шибеник и Сплит, а индиската компанија Yash Ray Films во овој град снимаше боливудски филм.