На Срби им се заробени околу 100 милиони евра на странски дестинации

138

Околу 100 милиони евра на граѓаните на Србија им се заробени преку туристички агенции во Грција, Шпанија, Италија и други дестинации поради нереализирани патувања, поради избивање на пандемијата. Ова го изјави директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ.

Според него, парите тешко ќе бидат одблокирани и додал дека уредбата за заменски патувања е донесена за да се заштитат туристичките агенции, но и парите на потрошувачите.

Преку туристичките агенции во Србија околу 20.000 лица биле на летување во странство, во Црна Гора им е организиран одмор на околу 1.000 Срби, додека околу 50.000 тоа го направи во сопствена режија.

Работата на туристичките агенции во оваа земја, поради пандемијата, е намалена за околу 90%, а само една агенција е во процес на ликвидација.

Фото: Pexels