На три недели до стартот на Лондонска школа за ПР во Македонија, само уште пет слободни места

548

Лондонската школа за односи со јавност (ЛСПР) е основана во 1992 година и истата беше активна на територијата на Македонија пред 10 години. Со доаѓањето на Represent Communications во Скопје во септември 2017, Лондонската школа за односи со јавност се врати повторно во Македонија. Во периодот на рана пријава до јуни 2019 многу македонски компании ја препознаа можноста да ги унапредат знаењата на своите ПР специјалисти во рамки на меѓународно призната програма.

“Очекувавме заинтересираност, но early bird ги надмина и нашите очекувања. Тоа што некои компании пријавија учество и на по двајца вработени од своите ПР сектори покажува колку квалитетот на Лондонската школа за односи со јавноста е препознатлив. Наша цел е да овозможиме квалитетна едукација и простор за унапредување на ПР индустријата во Македонија. Сметаме дека со ЛСПР ќе направиме сериозен исчекор во поимањето на ПР-от во нашата земја“, изјави Наташа Божиновска Миркова, директорка на Represent Communications Македонија.

ЛСПР е прeпознатлива по квалитетните и уникатни образовни програми и техники Модулите се конципирани да овозможат специјализација во доменот на односи со јавност, управување со угледот, управување со криза и кризно комуницирање; да изградат вештини за брендирање и маркетинг, како и успешно надградување на знаењата во доменот на социјалните медиуми, дигиталниот маркетинг и ПР во време на дигитална револуција.

“Основната мисија на ЛСПР е да им обезбеди на студентите најдобро знаење во избраните области затоа е пресудно да се работи во мала група од само 20 учесници и со практични примери, студии на случај, тренинг за јавен настап, конкретни задачи како на пример менаџмент на криза за конкретен клиент итн. да се обучат професионалци подготвени за сите предизвици со кои може да се соочат во кариерата“, вели Џон Далтон, директор на lspr.uk.

Во рамки на школата, своето знаење со учесниците ќе го споделат основачот и директор на ЛСПР, Џон Далтон, Јелена Трниниќ, директорка за односи со јавност и комуникации во The Coca-Cola Company и уште 7 меѓународни и локални предавачи со врвно знаење и искуство.

Лондонската школа за односи со јавноста е призната од ITOL (Институт за обука и професионално учење), NUJ (Национална унија на новинари) и CPD (Континуиран професионален развој). Освен во Велика Британија, ЛСПР постои и во 12 други земји преку LSPR Worlwide. Учесниците се стекнуваат со меѓународно признат лиценциран сертификат препознатлив за секој регрутер и HR специјалист во светот. ЛСПР во Скопје започнува на 28 септември 2019 година во хотел Парк, Скопје. Сите информации за програмата, за преостанати слободни места, предавачите и термините може да ги најдете на lspr.mk.