На увоз на шеќер лани сме потрошиле 30,5 милиони долари

79

Македонија минатата година направила увоз на шеќер во вредност од 30,5 милиони долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, увозот на шеќер минатата година достигна 20,4 милијарди долари. Прв и најголем увозник се САД со 1,7 милијарди долари, а меѓу петте најголеми увозници на шеќер во светот се и: Кина (1,1 милијарди долари), Индонезија (една милијарда долари), Италија (728 милиони долари) и Алжир (646 милиони долари).

Од регионот, најголем увозник на шеќер е Грција со 136,9 милиони долари. Следни се: Бугарија (105,9 милиони долари), Хрватска (53,6 милиони долари), Словенија (47,4 милиони долари), Босна и Херцеговина (40 милиони долари), Србија (1,3 милиони долари) и Црна Гора (1,1 милиони долари).

Фото: Pixabay