На увоз на злато потрошиле 88,2 милијарди долари во 2020 година

43

Увозот на злато минатата година беше на ниво од 375 милијарди долари, што е за 12,3% повеќе во споредба со 2019 година.

Велика Британија има најголем удел во увозот со 23,5% и потрошени 88,3 милијарди долари. Меѓу петте најголеми увозници на злато лани беа и: Швајцарија (87,9 милијарди долари), САД (34,7 милијарди долари), Турција (25,2 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Словенија е најголем увозник со 110,2 милиони долари, по што следат: Хрватска (35,6 милиони долари), Србија (33,9 милиони долари), Бугарија (24,6 милиони долари), Грција (6,2 милиони долари) и Босна и Херцеговина (953.000 долари).

Фото: Pixabay