На Велика Британија ѝ стигна сметката за Брегзит

118

Велика Британија ќе ја чини дури 47,5 милијарди евра “разводот“ од ЕУ, проценуваат од Брисел. Првата транша од 6,8 милијарди евра треба да биде исплатена до крајот на годината.

“Ние не ја признаваме таа бројка. Тоа е процена што ЕУ ја направи за свои внатрешни сметководствени цели“, изјави за новинарите, портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој додаде дека во таа цифра не се пресметани сите пари што ѝ се должат на Велика Британија, што, според него, ја намалува сумата што Лондон треба да ја плати.

Портпаролот на ЕУ рече дека Велика Британија ќе треба да плати 47,5 милијарди евра во буџетот на ЕУ во текот на следните години и дека сите буџети се направени во согласност со одредбите на Договорот за разделба.

“Извештајот е конечен“, рече портпаролот на ЕУ.

Велика Британија соопшти дека нејзината процена на трошоците е од 35 до 39 милијарди фунти.

Фото: Pixabay