На Волстрит индексите речиси непроменети

На Волстрит, берзанските индекси останаа главно непроменети, бидејќи инвеститорите останаа внимателни по различните пораки од шефот на американската централна банка и податоците за силниот раст на американската економија.

Dow Jones зајакна 0,04 отсто, на 35.430 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,09 отсто, на 4.550 поени, а индексот Nasdaq 0,16 отсто, на 14.258 поени.

Од почетокот на ноември, Dow Jones порасна за околу 7 отсто, S&P 500 за околу 8,5 отсто, а Nasdaq индексот за 11 отсто. Ова ги надомести сите загуби од летото.

Ова е благодарение на слабеењето на инфлацијата во САД, поради што инвеститорите се убедени дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки.

Сепак, тоа ќе зависи од натамошните движења во економијата, главно од инфлацијата.