На Волстрит избришани повеќе од 7 трилиони долари оваа година

99

Во 2022 година, на Волстрит беа збришани повеќе од 7,0 трилиони долари од пазарната вредност на најликвидните акции во кошничката на индексот S&P 500.

Индексот падна за речиси 18 отсто од крајот на декември минатата година, откако во четвртокот ослабна за 0,1 отсто, што значи загуба на вредноста од 20 отсто, пренесува CNN.

Индустрискиот индекс Dow Jones, кој вчера падна за околу 104 поени или 0,3 отсто, оваа година е намален за повеќе од 13 отсто.

Најмногу настрадаа технолошките акции во кошничката на индексот Nasdaq, кои и покрај благото закрепнување во четвртокот, годинава влегоа длабоко на територијата на мечкиниот пазар со пад од 27 отсто.

Скоро 3,0 трилиони долари од расчистената пазарна капитализација на акциите во кошничката S&P 500 доаѓаат од компании во технолошкиот сектор.

Акциите на технолошките лидери Епл, Мајкрософт, Амазон, сопственикот на Гугл, Алфабет, матичната компанија на Фејсбук Мета платформи и Тесла се во минус, но најголемиот губитник во овогодинешниот S&P 500 е Нетфликс, кој падна за повеќе од 70 отсто.