На Волстрит се тргува внимателно

17

Во понеделникот на Волстрит се тргуваше внимателно бидејќи инвеститорите не се склони кон поризични инвестиции додека во Вашингтон продолжуваат преговорите меѓу демократите и републиканците за зголемување на задолжувањето на државата.

Dow Jones загуби 0,42 отсто, на 33.286 поени, додека S&P 500 порасна за 0,02 отсто, на 4.192 поени, а индексот Nasdaq 0,50 отсто, на 12.720 поени.

Во понеделникот демократите и републиканците ги продолжија преговорите за зголемување на задолжувањето на владата со цел да се избегнат нарушувања во финансирањето на работата на федералните институции.

Но, засега нема значаен развој на настаните, иако и минатата недела двете страни велеа дека договорот е блиску.

Инвеститорите се надеваат дека може да се постигне договор навреме за Конгресот да го поддржи предложеното зголемување на финансирањето до крајниот рок 1 јуни.

„Инвеститорите проценуваат дека има 60 до 40 проценти шанси договорот да биде постигнат навреме. Истражување на CFRA.

Инвеститорите се воздржани поради неизвесноста околу каматните стапки на американската централна банка.

Повеќето аналитичари проценуваат дека ФЕД нема дополнително да ги зголемува каматните стапки во јуни бидејќи се намалуваат инфлациските притисоци, а регионалните банки имаат проблеми поради заострувањето на условите за кредитирање.

Но, претставници на ФЕД велат дека инфлацијата сè уште не е доволно ослабена и дека каматните стапки можеби ќе треба дополнително да се зголемат.

Вчера Џејмс Булард, претседател на филијалата на ФЕД во Св. Луис, рече дека централната банка можеби ќе треба да ги зголеми каматните стапки за уште 0,50 процентни поени до крајот на годината.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,18 отсто, на 7.770 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,32 отсто, на 16.223 поени, а париски CAC 0,18 отсто, на 7.478 поени.