Над 1,2 милијарди евра инвестирани во станбен комплекс во соседството

81

На локацијата Белград на вода досега се продадени 3.000 станови, а времето за коешто се продаваат најмалите станови се мери во минути, пишува РТС.

На почетокот се купувале за издавање, но сега тоа не е случај, а инвеститорите тврдат дека цените на квадратен метар во Белград на вода не се повисоки од конкуренцијата во српската престолнина.

Досега, како што се наведува, се завршени четири станбени згради, а до крајот на годината ќе бидат вселени уште 1.700 станови.

“Во Белград на вода еднособен стан може да купите за околу 499 евра месечна рата. Имаме и кредити за дијаспората, тоа е важно да го напоменам, со оглед на тоа што интересот на нашите луѓе кои живеат во странство е голем“, вели Зорана Бурлиќ, директорка на Белград на вода.

На 11 градилишта на Белград на вода, како што пишува РТС, во овој момент се ангажирани повеќе од 2.000 работници. Во сето она што досега е изградено и активностите планирани до крајот на година се инвестирани вкупно 1,2 милијарди евра.

Фото: Pexels