Над 10 милиони вработени во индустријата за обновливи извори

53

Фото: Pixabay

Според податоците на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA) за првпат во историјата бројот на вработени во оваа индустрија ја надминал границата од 10 милиони. Во 2017 во овој сектор работеле 10,3 милиони луѓе, од кои 60% од работните места се во Азија, а најголем “работодавач” помеѓу обновливите извори е индустријата за сончева енергија, којашто вработува 3,4 милиони работници, пишува Inabitat.

Само во 2017 година индустријата за обновливи извори креирала 500.000 нови работни места, што е раст од 5,3% во однос на 2016, наведува IRENA во извештајот, додавајќи дека земји со најголем број на работни места во обновливите извори на енергија се САД, Кина, Индија, Јапонија, Германија и Бразил, кои сочинуваат 70% од работните места во оваа индустрија во светот.

Покрај соларната енергија којашто само во Кина вработува 2,2 милиони работници (2/3 од вкупниот број во светот во овој сектор), друг голем работодавач во оваа индустрија се и течните биогорива со 1,9 милион работни места, како и хидроенергијата која “вработува” 1,5 милиони работници.

Видливите еколошки, но и економско социјални придобивки во оваа индустрија, се очекува да проектираат многу нови работни места во иднина, а според анализата на IRENA тој број ќе достигне 28 милиони до 2050 година.

Фото: IRENA