Над 14 милијарди долари помош за единиците на локална самоуправа во Кина

27

Фискалните приходи и расходи на кинеските локални самоуправи ќе доживеат “привремен удар“ од епидемијата на корона вирусот, а државата за таа борба одвои 14,16 милијарди долари ( 99,5 милијарди јуани), соопшти помошникот министер за финансии на Кина.

Според Reuters, централните власти го зголемуваат износот и брзината на трансфер на пари на единиците на локална самоуправа за да се намали притисокот. Властите во Кина веќе воведоа повеќе мерки за поддршка на економијата што се соочува со сериозни последици од корона вирусот, од кој заразени се над 77.000 лица, а смртниот исход надмина 2.500 лица.

Иако кинеските провинции, што се најмногу погодени од оваа епидемија, ќе сносат огромни последици, сепак, тие се економски силни.

Градските власти на Пекинг овој викенд најавија инвестициони проекти за оваа година во износ од 252 милијарди јуани, а фокусот е ставен на инфраструктура и градежништво.

Фото: Pexels