Над 144 милиони долари од извоз на автоделови од земјава

46
Mechanic man repairing car

Од Македонија лани се извезени автоделови вредни 144.755.000 долари или 5,6% повеќе во однос на 2018 година.

На глобално ниво, извозот на делови за автомобили минатата година достигна вредност од 392,5 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник на автоделови е Германија со 61,8 милијарди долари или 15,7% од вкупниот извоз. Во првите пет влегуваат и: САД (43 милијарди долари), Кина (33,6 милијарди долари), Јапонија (32,7 милијарди долари) и Мексико (30,7 милијарди долари).

Од регионот, најголем извозник на автоделови е Словенија со заработени 1,2 милијарди долари. Потоа следуваат: Хрватска (326,6 милиони долари), Србија (207,7 милиони долари), Бугарија (197,6 милиони долари) и Босна и Херцеговина (160,9 милиони долари).

Зад нас се: Грција (85 милиони долари), Албанија (10,8 милиони долари) и Црна Гора (2,2 милиони долари).

Фото: Freepik