Над 150 турски брендови отвораат филијали во странство

butik-pixabay

Фото: Pixabay

Над 150 турски брендови отвораат свои филијали во странство, додека 2.500 странски компании имаат отворено 60.000 филијали во Турција, пишува Хуријет.

Според директорот на Националната асоцијација на франшизи во Турција, Мустафа Ајдин, франшизите во земјата минатата година во земјата достигнаа вредност од 43 милијарди долари, а очекува до крајот на оваа година да вреди 50 милијарди долари.

“Вкупниот број на трговски синџири во Турција е 2.500. Овие бизниси имаат отворено околу 60.000 филијали. Односот на странските бизниси во овој сектор е 29%. Во меѓувреме, над 150 турски брендови отвораат филијали во странство“, изјави Ајдин.

Прехранбениот сектор важи за еден од најсоодветните кога станува збор за франшизи.