Над 16,4 милиони долари заработени од извоз на стакло

57

Извозот на стакло нa земјава лани ѝ донесе 16.449.000 долари или 4,5% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

На глобално ниво, извозот на стакло лани беше во висина од 76,5 милијарди долари или 1,5% помалку во однос на 2018 година.

Кина е извозник број еден на стакло во светски рамки со заработка од 17,9 милијарди долари или 23,4% од вкупниот извоз. Меѓу петте најголеми извозници на стакло се и: Германија (7,2 милијарди долари), САД (5,5 милијарди долари), Франција (3,4 милијарди долари) и Јапонија (3,2 милијарди долари).

Од регионот, најголем извозник на стакло е Бугарија со 462 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (234,9 милиони долари), Хрватска (221,3 милиони долари), Србија (91,2 милиони долари), Грција (42,6 милиони долари) и Босна и Херцеговина (21,4 милиони долари).

Фото: Freepik