Над 200.000 евра јапонска помош за мали проекти

49

20310-stock-photo-money-euro-bank-note-100-500Јапонската поддршката за четири мали проекти во Македонија, за фискалната 2012 година, изнесува вкупно 225.472 евра и истите ќе бидат доделени денес.

Потпишувањето на грант договорите ќе се одржи во Јапонската канцеларија за врски во Скопје.

Неповратните средства се доделуваат во рамки на програмата за поддршка на мали проекти – Japanese Grant Assistance for Grassroots Human Security Project (GGP).