Над 26,6 милиони долари заработка од извоз на газирани сокови

236

Извозот на газирани сокови од земјава, во текот на 2019-та година, достигна вредност од 26.644.000 долари или 137,8% повеќе во споредба со 2018-та година.

На глобално ниво, извозот на газирани пијалаци лани изнесуваше 22,1 милијарда долари, што е за 1,7% помалку во споредба со една година претходно, покажуваат податоците на World’s top exports.

Австрија има најголем удел во вкупниот извоз со 14,8% и заработка од 3,3 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници лани беа и: Германија (1,92 милијарди долари), Холандија (1,9 милијарди долари), Швајцарија (1,87 милијарди долари) и Тајланд (1,6 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Србија со 133 милиони долари. Потоа следат: Бугарија (86,8 милиони долари), Хрватска (67,2 милиони долари), Словенија (66,4 милиони долари), Грција (45,6 милиони долари) и Босна и Херцеговина (26,3 милиони долари).

Фото: Freepik