Над 30% од Бугарите не можат доволно да си го затоплат домот

79

Во текот на 2019 година, 6,9% од  жителите на Европската унија не можеле доволно да го затоплат својот дом. Највисок процент досега имало во 2012 година (10,8%), којшто е во континуиран пад, покажуваат податоците на Eurostat.

Состојбата е различна меѓу земјите членки на Унијата. Па така, највисок процент на жители кои не можат соодветно да го затоплат својот дом има во Бугарија (30,1%), по што следат Литванија (26,7%), Кипар (21%), Португалија (18,9%), Грција (17,9%) и Италија (11,1%).

За разлика од нив, под 2% имаат: Финска, Австрија, Шведска, Словенија, Луксембург, Естонија и Германија.

Фото: Freepik