Над 35 илјади туристи во февруари во земјава

95

Државниот завод за статистика денеска објави дека во февруари бројот на туристи во земјава изнесувал 35.642 од кои 53,1 процент биле странски и 46,9 проценти домашни туристи.

Реализирани се вкупно 76.536 ноќевања од кои 54,1 процент од странски и 45,9 проценти од домашни туристи.

Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период лани, се забележува зголемување на бројот на туристи за 34,7 проценти и зголемување на бројот на ноќевања за 30, 9 проценти.