Над 500 деца покажаа талент и вештини на натпреварот на Браинобраин

30

Photo 3

Над 560 деца од Македонија и Косово учествуваа на натпреварот организиран од Браинобраин училиштата за развивање на менталните квалитети и капацитети кај децата, кој по трети пат се одржа викендов во Домот на АРМ во Скопје.

Браинобраин Европа Македонија е Мастер франшизер за програмата која потекнува од Индија и има повеќе од 1.100 центри во светот кои ги посетуваат над милион деца. Покрај петте центри во Скопје, на истата програма се едуцираат и деца во Охрид, Битола, Струмица, Штип, Кочани, Велес, Крива Паланка, Куманово, Гостивар и Тетово со моментално повеќе од 700 деца вклучени во процесот на едукација преку Браинобраин програмата која е систематизирана и унифицирана, а се базира на Абакус менталната аритметика и НЛП (наука за процесот на мислењето).

Секоја година на ниво на Македонија се одржува натпревар на кој се покажуваат резултатите на децата на возраст од четири до 14 години, а годинава огромен број на деца освоија шампионски пехари, златни и сребрени медали.

Фокусот на програмата е кон целосниот ментален и личен развој, здобивање на животни вештини и способности кои ќе ги користат во животот во секое академско поле или активност.

Photo 6

“Зголемувајќи ја свесноста за нашите зборови во креирањето на мислите, може многу да ни помогне во реализирањето на нашата личност, однесување, активности и нашите цели. Физичките и забавните активности ги зајакнуваат мозочните функции: брзина, фокусираност, визуелни и слушачки способности. За децата оваа свесност доведува до развивање на лидерски способности, самодоверба, мудро менаџирање на ресурсите (времето, просторот, условите…) за успешно постигнување на високите зададени животни цели“, вели наставничкиот тим на Браинобраин.