Уделот на произведената струја од обновливи извори во текот на минатата година достигна 19,7%, покажуваат податоците на Eurostat.
Лидер во тој сегмент е Шведска, каде 56,4% од енергија е од обновливи извори. По нејзе следат Финска (43,1%), Латвија (41%), Данска (37,2%) и Австрија (33,6%).
Од друга страна, земји во ЕУ коишто имаат најмал удел на енергија од обновливи извори се: Луксембург (7%), Малта (8,5%), Холандија (8,8%) и Белгија (9,9%).
Фото: Freepik