Над 70.000 компании во Италија запреа со работа поради пандемијата

37
Red closed neon sign vector

Скоро 73.000 компании во Италија запреле со работа поради пандемијата, покажува истражувањето на италијанската статистичка канцеларија.

Истражувањето е направено меѓу повеќе од милион компании во период од 23-ти октомври до 16-ти ноември. Станува збор за компании од секторите: индустрија, градежништво, трговија и други услуги.

Тоа е скоро 7% од вкупниот број на испитани компании, од коишто скоро 55.000 се очекува повторно да отворат во иднина, додека 17.500 се целосно затворени.

Скоро 85% од затворените компании со мали бизниси со помалку од девет вработени. Станува збор најчесто за спортски центри, мали хотели, трговија на мало и обложувалници.

Фото: Freepik