Над четири милиони денари добивка за Аутомакедонија минатата година

47

Аутомакедонија минатата година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 4.021.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2019 година, компанијата прикажа добивка од 5.092.000 денари.

“Нето добивката е намалена за 21% или во апсолутен износ намалување од 1.070.013 денари“, стои во Образложението за презентираните финансиски извештаи.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, имаа салдо од 492.560.000 денари, а една година претходно 514.858.000 денари.

Фото: Pexels