Над четири милиони денари добивка за Попова Кула заклучно со крајот на септември

66

Винарската визба Попова Кула, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.034.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на винаријата изнесуваше 4.779.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на септември имаа вредност од 36.642.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 33.286.000 денари, а остатокот од 3.356.000 денари е реализиран на пазари во странство.