Над милијарда долари потрошени преку крипто картичките на Visa

22

Вредноста на криптовалутите што се чуваат во дигиталните паричници се проценуваат на стотина милијарди долари, а милиони луѓе ширум светот, коишто ги користат крипто платформите, еден од наједноставните начини на трошење на криптовалути е преку Visa картичките.

Со оглед на тоа што во првите шест месеци од оваа година, на глобално ниво се потрошени повеќе од милијарда долари на производи и услуги преку крипто кредитни картички на Visa, јасно е дека криптовалутите влегуваат во нова ера.

Visa настојува значајно да го олесни функционирањето на матичните крипто компании, бидејќи расте интересот за криптовалути и кај поединците и кај компаниите.

Visa соработува со 50 крипто платформи, што го олеснува претворањето и потрошувачката на дигитални валути со 70 милиони трговци ширум светот.

Visa се одлучи за проектот откако неколку големи финансиски компании, вклучувајќи ги Mastercard, BNY Mellon и BlackRock, овозможија исплата со криптовалута, а аналитичарите заклучија дека криптовалутите ќе станат составен дел од инвестициските портфолија. Новата шема за Visa ќе го поедностави процесот и ќе ги намали трошоците бидејќи благодарение на блокчеин технологијата, дигиталната валута Ethereum повеќе нема да мора да се претвора во традиционални пари.

Фото: Pixabay