Ако мислите дека редизајнираните реклами се здодевни, постои шанса дека најновата реклама на Nike наречена You can’t stop us (Вие не можете да нè спречите) целосно ќе ве разубеди.
Имено, оваа реклама беше составена целосно од архивски снимки, а како што пренесуваат американските медиуми, од 4.000 делови од одредени спортски настани, селектирани се 72, кои се комбинирани во 36 моменти на сплит екран, при што дејството на обете страни се спојува во едно.
Фасцинантната и детална монтажа испрати силна порака до публиката – за обединувачката моќ на спортот во време кога епидемијата на коронавирус влијае на сите социјални сегменти, особено спортот.
Оваа реклама за многу кратко време стана вирална и така за еден ден на YouTube ja видоа над шест милиони луѓе.
Фото: YouTube Printscreen