Надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard

67

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard.

Претходно Народната банка посочи дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови VISA и MasterCard.

До нивното надминување, клиентите можеа непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките.

Паричните средства на граѓаните на сметките на банките, додадоа, се безбедни и достапни во секој момент.