Надворешниот долг на Русија падна под 300 милијарди долари за прв пат од 2006 година, бидејќи на 1 октомври изнесуваше 293,4 милијарди долари, што е намалено за 7,7 отсто од почетокот на оваа година, објави денеска Централната банка на Русија.
Ова е минималниот износ на надворешниот долг на Русија од 1 октомври 2006 година, кога изнесуваше 269,5 милијарди долари, се наведува во извештајот на РИА Новости.
Во текот на третиот квартал, надворешниот долг на Русија се намали за 8,5 милијарди долари или за речиси три отсто.