
Според конечните податоци на Монстат, вкупната надворешнотрговска размена на Црна Гора со стоки минатата година изнесувала 4,23 милијарди евра, што е за 43,9 отсто повеќе во однос на 2021 година.
Од Монстат соопштуваат дека извезената стока е во вредност од 700,3 милиони евра, што е за 60,2 отсто повеќе во однос на споредбениот период. Увозот е поголем за 41,1 отсто и изнесува 3,53 милијарди евра.
Покриеноста на увозот со извоз изнесува 19,8 отсто и е поголема во однос на истиот период од претходната година кога изнесуваше 17,4 отсто“, се наведува во соопштението, пренесува Мина.
Во структурата на извозот најзастапени се минералните горива и мазива во износ од 209,9 милиони евра, при што електричната енергија е 170,2 милиони евра и други.
Во структурата на увозот, најзастапени се машините и транспортните уреди во износ од 709,9 милиони евра, што опфаќа патни возила 228,5 милиони евра, електрични машини, апарати и уреди 142,3 милиони евра и други.
Најголеми надворешно-трговски партнери во извозот биле Србија со 149,4 милиони евра, Швајцарија со 108 милиони и Босна и Херцеговина со 90,6 милиони евра.











