Нафташите го зголемуваат производството од јануари

21

Членките на Организацијата на земји извознички на нафта (OPEK) и нејзините сојузници меѓу кои е Русија се договориле од јануари да го зголемат производство на нафта за 500.000 барели дневно.

Тие земји соопштиле дека секој месец ќе се состануваат и ќе одлучуваат за понатамошно производство на нафта.

Одлуката е донесена по неколкудневна расправа околу тоа дали воопшто ќе се зголеми производството на нафта на почетокот на следната година, иако пандемијата доведе до намалување на побарувачката за тој енергенс.

Членките на OPEK и нивните сојузници, таканаречен ОPEK plus, нагло го намали производството на нафта во април со цел да ја зголемат нејзината цена, откако пандемијата остро ја намали побарувачката за гориво.

Аналитичарите наведуваат дека Саудиска Арабија, лидер на ОРЕЛ, сака продолжување на досегашното намалување на производство од 7,7 милиони барели.

Членките на организацијата во 2019 година просечно произведуваа по 35,6 милиони барели дневно.

Фото: Freepik