Нафтата бележи раст, житариците во минус

30

Нафтениот пазар од утрово бележи раст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 114 долари, за разлика од вчера кога цената беше 112. Цената на нафтата на американскиот пазар е 111 долари, што исто така е пораст во однос на вчера.

Пазарот на криптовалути од утрово е во плус. Вредноста на биткоинот е 30.000 долари, што е зголемување од речиси 2% во однос на вчера. Во зелено се и другите криптовалути, освен XRP и Solana, кои забележаа благ пад.

Цена на пченица и пченка
Цените на житата од утрово се во минус. Цената на пченицата е 1.154 долари за тон, што е намалување за речиси 3 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 771 долар, што е исто така намалување за околу 2 отсто во однос на вчера.

Фото: Facebook