Нафтата близу 73 долари за барел

12

Цените на нафтата на меѓународните пазари се зголеми на 73 долари, најмногу поради сигналите за зголемена побарувачка во западните економии и влошените изгледи за обнова на извозот на Иран.

На лондонскиот пазар барел нафта поскапе за 42 центи на 72,64 долари, додека на американскиот пазар со барел се тргуваше по 35 центи повисока цена од 70,40 долари.

Трговците се фокусираа на силното закрепнување на побарувачката од тешките последици што ги предизвикаа рестриктивните мерки од пандемијата.

Податоците покажуваат дека луѓето по ублажување на ограничувањата, повторно почнаа да патуваат. За инвеститорите охрабрува и фактот што се влошуваат изгледите за извоз на нафта од Иран.

Фото: Pexels