Нафтата над 85 долари за прв пат по 7 години

41

Цените на нафтата во понеделникот достигнаа уште една пресвртница, минувајќи ја границата од 85 долари за барел за прв пат по седум години.

Американската нафта скокна за уште 1,2 отсто на 85,07 долари за барел. Растот се интензивираше во последните недели како што се појави глобалната енергетска криза, обележана со зголемените цени на природниот гас, јагленот и суровата нафта.

Нафтата само овој месец поскапе за 13 отсто, а досега поскапе за 120 отсто во однос на претходната година.