Цените на нафтата на меѓунарoдните пазари се движaт кон 76 долари за барел, што е поради пад на залихите, а поттикнато од зголемената побарувачка за возење во текот на летната сезона.
На лондонскиот пазар, цената на барел се зголеми за 1,08 долари и достигна 75,89 долари. На американскиот пазар барел нафта се тргуваше по цена повисока за 1,13 долари на 73,99 долари.
Трговците се фокусираа на податоците што укажуваат на пад на залихите на сировата нафта во САД за 7,2 милиони барели, што е повеќе од очекуваното.
Глобалната побарувачка за нафта би требало дополнително да се зголеми во втората половина на годината.
Фото: Pexels