Нафтата падна под 75 долари

41

Крајот на неделата донесе пад на цената на нафтата на светските берзи.

Бидејќи инвеститорите беа загрижени од падот на акциите на европските банки и изјавата на американскиот секретар за енергетика дека може да го одложат полнењето на стратешките резерви, што ја поттикна загриженоста за побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот утрово се тргува по цена од 74,99 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по  цена од 69,26 долари.

Нафтените пазари на крајот на неделата го следеа падот на акциите на банките во Европа поради стравувањата на инвеститорите дека проблемите во финансискиот сектор сè уште не се завршени. Најмногу ослабеа акциите на Дојче банк и швајцарската УБС.

Трговците стравуваат дека превирањата во банкарскиот сектор би можеле да предизвикаат рецесија, која исто така би ја намалила побарувачката за нафта.

Фото: Pixabay