Нафтата поевтини – доларот падна

109

На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката со валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,55 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,06 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,50 на 153,15 јени. Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0795 долари, додека вчера во ова време беше 1,0735 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,44 отсто, на 75,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,57 отсто, на 71,95 долари.