Нафтата поскапе за еден долар

67

Цените на нафтата пораснаа за околу еден долар поттикнати од тензиите поради иранската заплена на јужнокорејски брод и веста дека групата OPEK+ размислува за намалување на производството на нафта во февруари.

Фјучерсите за нафтата Брент за испорака во март пораснаа за 96 центи на 52,05 долари за барел, додека американската нафта за испорака во февруари се тргуваше по 48,53 долари за барел или за 91 цент повеќе од вчера, јавува Ројтерс.

Двата типа на нафта имаа пад на цените за над 1%, откако Организацијата на земјите извозници на нафта (OPEK) и нејзините сојузници, познати како група OPEK+, не успеале да се договорат за производството во февруари.

Фото: Freepik