Нафтата повторно поскапе за еден долар за барел

61

Цените на нафтата се искачија над 94 долари на меѓународните пазари поради загриженоста за понудата и малку послабиот долар.

Цената на барел северноморска нафта брент беше 95,58 долари, додека барел нафта од Тексас WTI беше на ниво од 87,76 долари. Во споредба со денот на транзицијата, тоа е приближно за еден долар за барел повисока цена.

Трговците се загрижени поради одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници да ја намалат понудата за два милиони барели дневно од ноември и неодамнешното стапување на сила на ембаргото на ЕУ за руската нафта и деривати, пренесува Мина.

Европското ембарго носи многу непознати, изјави извршниот директор на Сауди Арамко, додавајќи дека руската нафта сè уште наоѓа купувачи.