Нафтата се доближува до 74 долари за барел

48

Цените на нафтата на меѓународните пазари се движеа кон 74 долари за барел, поттикнати од силната побарувачка во текот на летната сезоната и состојбата со преговорите со Иран за нуклеарната програма.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта поскапе за 14 центи на 73,65 долари. На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по цена повисока за 21 цент, од 71,85 долари.

Во изминатите четири недели, цените и на двата пазари беа зголемени најмногу поради забрзаната вакцинација во светот и очекувањата за интензивирање на патувањата во текот на летната сезона.

Фото: Pexels